Воспитачка ги сподели најлудите барања на родителите со кои се соочила

Работниот ден на воспитувачите во градинките сигурно не е едноставен, а понекогаш родителите на децата дополнително знаат да го искомплицираат.

Корисничката на ТикТок под името @sairs19 објавила неколку интересни барања на родителите со кои се соочила во својата кариера.

“Значи, Џими утринава беше малку жежок, нема температура, веќе проверив, но му дадов лек за намалување на температурата за секој случај, мислам дека е добро и дека никој нема да зарази” го започна видеото имитирајќи една мајка.

Потоа прераскажа ситуација во која се сооќчила со една мајка која се обидувала да и објасни дека нејзиното дете не може да носи и чорапи и чевли.

“Него ножињата му се потат па може да носи или само чорапи или само чевли, а не сакам да биде бос”, изјавила мајката.

Следела мајката на момчето Мики.

“Дали следите колку милилитри вода пие, како што ве замолив? Знам дека истура и дека не е вешт со шолчето”, изјавила таа.

Оваа воспитувачка се грижи за 11 деца, а луѓето итекако имаат разбирање за проблемите кои ги споделила.

“Залудно е колку и родителите да даваат лекови за намалување температура и да очекуваат дека тоа нема да го забележиме”, “Мене ми е најлошо кога родителите бараат да нивното дете дремне во текот на денот”, беа коментари на други воспитувачи.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *