Во болница во Битола човек прима инфузија, до него покриен леш (ФОТО)

На социјалната мрежа Фејсбук, се споделени фотографии кои македонските граѓани ги оставија во неверување. На профилот на Vasco Beleski, јасно се гледа како додека пациенти примаат инфузија, до нив на креветите има покриени лешеви.

„БАРАМ МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ ДА СИ ДАДЕ ОСТАВКА И ХИТНО ДА СЕ ФОРМИРА НОВА ВЛАДА НА ЕКСПЕРТИ“ стои во Фејсбук статусот со споделената фотографија на Васко Белески.

„Овие фотографии се направени во Болница во Битола. Од четири кревети, двајца примаат инфузија , на другите два кревети има два лешеви. Под хитно оставка на министерот Филипче заедно со Заев. Полошото тек доаѓа“, пишува тој.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *