Во вистинско време на вистинско место: Уметничка скулптура спречи трамвај да падне во провалија

Велат дека уметоста ќе го спаси светот, а еден необичен случај во Ротердам го докажа тоа.

Трамвај излета од шините на терминалот во Ротердам на многу необичен начин. Наместо да продолжи да вози до првата станица, трамвајот се најде на врвот на огромна статуа што претставува две опашки од кит.

Да поминел само уште неколку метри, ќе паднел во провалија од 10 метри.

Возачот бил шокиран, но поминал без повреди, а олеснителна околност е што во вагоните немало патници.

Статуата подигната на крајот од терминалот има симболично име „Спасени од опашката на китот“ (Saved by Whale’s Tale), но уметникот што ја дизајнирал и направил, притоа немал на ум вистинско спасување на трамвај.

„Несомнено, сцената е доста поетска, но е вистинска среќа што статуата на која се претставени опашки на кит ја издржа тежината на трамвајот“, рече уметникот и архитект Мартен Струијс за Algemeen Dagblad.

Инженерите во моментов се обидуваат да откријат како трамвајот успеал да летне од шините и како безбедно да го отстрани од статуата.

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *