Временска прогноза: Еве кога ќе падне првиот снег во Македонија, но и какво ќе биде времето утре

Наутро студено и ветровито. Преку денот ќе биде облачно и ќе дува засилен северен ветер најизразен долж Повардарието и на поголемите височини. Во западните делови и на север на планините ќе има услови за појава на краткотраен снег, а понекаде во долините е можен слаб дожд, информира УХМР.

Минималната температура утре ќе изнесува од -5 до 3 степени, а максималната од 4 до 11 степени.

Во Скопје се очекува облачно време со засилен северен ветер. Во повисоките делови од регионот ќе има и провејување на слаб снег. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 6 степени.

Поради продор на студен воздух денес од крајот на денот и утре ќе дува засилен северен ветер. Од ноќеска понекаде на планините на северот ќе има услови за провејување на слаб снег, а понекаде во котлините за појава на краткотарен дожд.

Од утре дневната температура значително ќе се намали, а од недела повторно ќе биде стабилно, но со пониски утрински температури, кои во поголем дел од земјава ќе се спуштаат под -5 степени.

Временска прогноза за 22.11.2020

Минималната температура ќе се движи од -2 до -8 степени целзиусови, додека максималната ќе се движи во интервал од 4 до 13 степени целзисуови.

Претпладне променливо облачно и студено, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб претежно северен ветер.

Временска прогноза за 23.11.2020

Минималната температура се очекува да биде во интервал од -3 до -11 степени, додека максималната температура во интервал од 6 до 15 степени целизусови.

Утрото се очекува да биде многу студено, а преку ден се очекува сончево време со мала до умерена облчаност и со слаб променлив ветер.

Прогноа за 24.11.2020

Минималната температура се очекува да биде од 0 до -7 степени целиусови, додека дневните температури ќе доживеат благ пораст и ќе се движат во интервал од 8 до 16 степени целизусови.

Времето се очекува да биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *