Вријат социјалните мрежи : На Филипче му е смешно додека луѓе умираат пред да дојдат до кревет в болница.

Социјалните мрежи вријат поради неодговорното однесување на министерот за здравство Венко Филипче, кој наместо да покаже грам хуманост за човечките жртви и со тоа што сме на врвот по неспособноста да се спавиме со вирусот, си тера несмешни пародии на Фејсбук.

Тој на официјалниот профил како министер за здравство објави слика од папагал како извикува „оставка, оставка“, како пародија на барањата на опозицијата тој навистина да си поднесе оставка бидејќи се покажа дека е најнеспособниот министер.

Оставката е најмалку што треба да направи Филипче ако има барем малку срам и морал. Македонија најлошо се справува со короната со земјите од регионот, а пак за европските земји не може ни да се прават споредби. За 20 починати секој ден одговорност мора да има.

 

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *