Газда заврши во полиција откако неговото кафуле работело и после 21 часот

Сопственик на угостителски објект е приведен вчера вечерта во 22.35 часот. Објектот кој го поседувал работел и тогаш иако во моментов кафулињата и рестораните можат да работат само до 21 часот.

„Од слобода е лишен Е.И.(31) од селото Долно Палчиште, сопственик на угостителски објект во Тетово, поради основано сомнение дека сторил кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, казниво со Кривичниот законик. При контрола на угостителскиот објект во сопственост на Е.И., истиот е затекнат како работи и покрај Одлуката на Владата на Република Македонија за работното време на угостителските објекти, стои во полициското соопштение.

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *