Газда на фирма со четворица вработени открил дека секретарката спиела со сите, па и го побарал ОВА

Имал јасен план што сакал да постигне.

Велшанката Викторија Девлин успеала да пристигне на многу локални вести во Свонси после приказната дека добила отказ бидејќи не сакала да има “ништо” со својот шеф.

Приказната станала актуелна иако имала, што се вели, две верзии на вистината, поради што се повлекла и дискусија на порталите.

Викторија година дена работела во мала фирма која ја вработувала само неа како секретарка и уште тројца експерти во областа на консалтингот, пренесува Дејли рекорд.

Убавата Велшанка веднаш му се допаднала на сопственикот на фирмата, меѓутоа, после неколку негови обиди, на крај морал да се откаже. А потоа во текот на пандемијата се изненадил од информациите кои пристигнале до него.

Благодарение на својот заменик и најискусен вработен, открил дека секретарката во текот на карантинот имала врски со колеги од фирмата, и самиот чин се случувал токму во нивните канцеларии.

Газдата на фирмата од Свонси го контактирал работникот кој бил со Викторија и го прашал дали тоа е вистина. Тешко е да се замисли какво било лицето на газдата, кога вработениот му соопштил дека бил со Викторија, но дека не е единствениот.

Сопственикот дознал дека и другите вработени биле со убавата секртарка и тоа во ноември, а потоа најголемото изненадување се случило кога од својот заменик добил признание дека и тој го сторил тоа.

Така газдата дошол до тоа да сите тројца негови работници во последните година дена биле во врска со Викторија, а единствено нему му го свртела грбот. Затоа пред две недели поднел барање да си ги собере своите работи и да си оди од фирмата.

Таа не го прифатила тоа најдобро и го известила дека ќе поднесе тужба, верувајќи дека отказот го добила бидејќи не го прифатила неговото барање.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *