Генијален изум: После ова, на никој нема да му бидат потребни клима уредите во домот

Научниците создадоа супер-бела боја која може да ги замени сите клима уреди во вашиот дом, и секако, без да потрошите ниту еден цент на ладење на вашиот дом.

Дали некогаш сте размислувале за еднократна инвестиција со која вашиот дом во лето би бил пријатно ладен, додека во зима пријатно топол? А без притоа да плаќате огромни суми на пари на месечно ниво?

Научниците направија нова супер-бела боја која одбива 95,5% од сончевата светлина, па поради тоа останува поладна од околината и преку ден, но и преку ноќ.

Тим од Универзитетот Пурду направил боја користејќи калциум-карбонат наместо вообичаените честички титаниум-диоксид, за во потполност да ја намали апсорбцијата на ултравиолетови зраци.

Експертите велат дека новата боја би можела да ги одржува градбите ладни на природен начин, наместо со користење на клима-уреди кои допринесуваат до глобалното затоплување.

Во текот на тестирањето на новата акрилна боја заклучено е дека таа во текот на ноќта останува за 10 степени поладна од околината, додека преку ден, кога Сонцето е во полн ек, останува најмалку 1,7 степени поладна.

Другите слични бои одбиваат помеѓу 80 и 90% светлина па не можат да бидат постудени од надворешната температура.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *