Генијални трикови кои ќе ви помогнат да ги одмрзнете стаклата на автомобилот за 10 секунди

Заборавете на врела вода! Замрзнатите стакла никогаш не ги полевајте со врела вода бидејќи можат да испукаат, посебно доколку веќе имаат помали оштетувања. Попаметен избор е млака вода која на стаклото ќе ја нанесете со крпа.

Постои одличен начин како да ги одмрзнете брзо, без стругање и купување на средства за одмрзнување.

Се што ви е потребно се алкохол и вода. Ставете ги во шише со расрпскувач во однос 2:1 (две третини алкохол и третина вода).

Попрскајте ги заледените стакла. За неколку секунди ледот ќе омекне и лесно ќе го отстраните, без макотрпно стругање.

Доколку се најдете некаде во градот, стаклата ви се замрзнати, а кај себе немате ниту спреј, ниту топла вода, ниту стругалка – можете со кредитна картичка да го отстраните ледот. Тоа ќе оди малку споро, но сепак после некое време ќе можете да седнете во автомобилот и безбедно да заминете дома.

Ставањето на картони на стаклата е одлична превенција стаклата на автомобилот воопшто да не замрзнат. Наместо картон, можете да ставите и стара крпа.

Премачкајте ги стаклата со пена за бричење и добро протријте со хартиено марамче, се додека вишокот не исчезне. Истата метода можете да ја користите и кај огледалата во купатилото.

Постои уште еден трик – наполнете стари чорапи со песок за мачки, заврзете ги и оставете ги да стојат во автомобилот. Тој песок ја впива влагата па така ќе ја намали количината на влага и во вашето возило.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *