Гест за почит: Познат ресторан од Прилеп секој петок ќе дели бесплатен ручек за 4 семејства кои се најпогодени од кpизата

Eден од врвните ресторани во Прилеп, “Пица бар Академи”, со хуман гест кој треба да го следат сите, особено во овие тешки кризни времиња.

“Дечки, Тимот на Пица бар Академи ја поддржува и поздравува иницијативата што ја започна Pizza Drama, а тоа е една заедничка цел – да помогнеме таму каде што е најпотребно.

Со цел да изнудиме насмевки и да ги охрабриме, Ве известуваме дека почнувајќи од утре, па така секој нареден петок, Пица бар Академи ќе доставува пици за ручек на 4 семејства кои се најпогодени во овие тешки времиња.

Ве молиме пратете ни информации на нашата фб страна или на телефонските броеви 048-550-500 или 073-333-500, за семејства на кои им е потребна ваква помош!

Воедно ги повикуваме и другите ресторани, пицерии, сендвичари да се приклучат на оваа иницијатива со цел да успееме барем малку да помогнеме, и сите заедно да го поминеме овој тежок период”, напишаа од Академи на Фејсбук.

 

 

 

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *