Го отворале ковчегот на Марадона за да се фотографираат со него, ги објавиле и фотките (ФОТО)

Илјадници луѓе во четвртокот во претседателската палата во Буенос Ајрес поминале покрај ковчегот на Диего Армандо Марадона за да одадат почит на еден од најголемите фудбалери во историјата кој почина на 61 годишна возраст.

Плачеле, аплудирале, фрлале разни реквизити, од цвеќиња, дресови, делови облека, но имало и многу непосакувани сцени, но и нехумани потези на обожавателите на Ел Пибе. Бидејќи, како поинаку да се објасни одлуката на вработените во погребното претпријатие кои го отвориле ковчегот, го допирале Марадона и позирале за фотографии кои потоа ги споделиле на социјалните мрежи?

Не требало долго да целата аргентинска и светска јавност дознае за скандалозниот чин на тројца вработени. Сега навивачите им се закануваат и со најлоши клетви, и критики пристигнуваат од сите страни.

Адвокатот на Марадона, Матиас Борла, кој порано во четвртокот најави тужба против итната помош поради преспора реакција и неадекватна нега, најави и тужба поради сквернавење.

-Лично ќе се погрижам одговорните за овој чин да платат за тоа – изјави тој.
Марадона е погребан уште во четвртокот, ден после смртта, околу 22 часа по наше време пред членовите на најтесната фамилија.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *