Дали граѓаните можат да се заразат и после две примени дози? Ваkцинираните без маска, смеат да бидат само со овие лица

Прашање кое најмногу ги мачи луѓето кои се ваkцинирале.

Иако и понатаму е релативно висок бројот на новозаразени од ковид, поради надежта која ги носи ваkцините, можеме да се надеваме дека не очекува помирно и посигурно лето.

Во одредени европски земји се размислува за можноста на старото нормално за оние кои ги примиле двете дози. Најдобриот показател колку ваkцината е ефикасна е Израел, каде што луѓето моментално се на чекор од животот кој го живееле пред пандемијата.

Прашањето кое најмногу ги мачи луѓето кои се ваkцинирале – дали ваkцинираните можат да се заразат и после две дози?

Во разговор за хрватскиот портал Вечерњи, имунологот Златко Тробоњача и молекуларниот биолог Ненад Бан од Универзитетот во Швајцарија дале одговор на оваа дилема.

Златко Тробоњача истакнува дека после првата доза ние имаме имун одговор, но тој е далеку повисок и поефективен после втората доза.

“Ефикасноста на АстраЗенека е околу 80 отсто, на Фајзер и Модерна нешто повеќе од 90 отсто. Тоа значи дека наведените проценти на имунизирани нема да се разболат симптоматски после двете дози барем шест месеци, меѓутоа проблемот е во фактот дека во тој процент влегува и 20тината отсто од асимптоматски инфцирани. Значи, после двете дози ние можеме да очекуваме дека ќе имаме 10-20 отсто од оние кои можат симптоматски да заболат и дополнителни 20 отсто од оние кои асимптоматски ќе се инфицираат, како и 60 до 70 отсто од оние кои ќе имаат имунитет, односно оние кои воопшто нема да можат да се инфицираат”, објаснува тој.

Имунологот вели дека после двете дози речиси во 100% од случаевите имунизираните се заштитени од тежок облик на болеста.
“Да преболите настинка во траење од 5 до 7 дена, предизвикана од SARS-CoV-2 вирусот после ваkцина не е проблем. Тоа значи дека можеби нема да дојде до некој потежок случај помеѓу имунизираните, но тие ќе бидат ретки”, додава тој.

Молекуларниот биолог Ненад Бан вели дека реинфекцијата после имунизација не е невообичаена појава.

“Причината зошто е можно да личноста се зарази со вирусот паралелно на тоа што е имунизирана е дека различни типови на антитела се одговорни за борба против инфекција во крвта и во дишниот систем. Ваkцината ќе поттикне развој на антитела во крвта, но не е секогаш ефикасна во поттикнување на таканаречените антитела кои ги штитат мукозните мембрани во дишниот систем. За жал, тоа значи дека ако имунизирана личност се разболи, паралелно на тоа што веројатно нема да биде опасно за таа личност, може да зарази личност која не е ваkцинирана”, вели тој.

Ненад Бан вели дека не би требало да се грижат луѓето кои се имунизирани и кои се дружат со имунизирани без маски во затворен простор.

“Секако, има смисла да тие луѓе се уште носат маски кога се дружат со лица кои не се имунизирани, на работа или на пример во јавен превоз” заклучува Бан.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *