Дали знаете зошто служат двете странични дупчиња на познатите Converse All Stars? Причината ќе ве изненади

Ретко кој знае дека двете дупчиња од бочната страна на патиките Converse All Stars не се само моден додаток ниту служат за да се проветруваат стапалата.

 

Некогаш овие патики првенствено служеле за играње кошарка. Со тоа, двете долни дупчиња се додадени со цел патиките што поцврсто да се стегнат околу нозете – со тоа нозете во нив се постабилни и се намалува шансата од повреди.

 

Доколку сакате да го пробате тоа, извлечете ја врвката од првите две дупчиња и провлечете еден дел низ двата отвора од страна. Стегнете и ќе забележите дека патиките се многу постегнати од претходно.

 

Погледнете го видеото:

 

Converse All Stars биле претставени во јавност во 1917 година. Оттогаш па до денес, нивниот дизајн не се променил премногу, а можеби токму тоа е тајната зошто луѓето едноставно ги обожуваат.

05 Apr 1936, Manhattan, New York City, New York State, USA — Portrait of members of the Universal Studios basketball team after winning a tournament at Madison Square Garden that earned them the right to represent the United States at the 1936 Summer Olympics in Berlin. April 5, 1936. — Image by © Bettmann/CORBIS

Постои уште еден интересен детаљ од историјата – кошаркарската екипа на САД го носела токму овој модел на патики нa Олимписките игри во дамнешната 1936 година во Берлин. За таа пригода ги дизајнирал популарниот кошаркар Чак Тејлор и ги украсил со американското знаме. На Олимписките игри тие освоиле злато, а популарноста на патиките Converse All Stars почнале да ја доживуваат својата слава.

 

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *