Дали знаете како полжавите доаѓаат на свет? Еве како изгледа бебе полжав (ВИДЕО)

Дали некогаш сте виделе бебе полжав?

Полжавите се најчесто предмет на фасцинација во детството, децата обожаваат да си играат со нив додека се надвор. Но, дали некогаш сте виделе бебе полжав?

Полжавите спаѓаат во групата мекотели со изразено стомачно стапало. Имаат глава во која се всадени очите и пипките, а многумина од нив на грбниот дел имаат заштитна куќичка. Но, како се раѓаат?

Полжавите излегуваат од јајца. Јајцето вообичаено е положено под површинскиот слој на земја, или во случај на морски полжави, сместено во заштитено подрачје, како што се карпи. Обично се потребни од две до четири недели за лушпата да напукне и од неа да се појави полжав – со куќичка.

Полжавите се раѓаат со своите куќички, но тие во почетокот не изгледаат онака како што ние ги познаваме. Вистинската куќичка на бебето полжав е безбојна и многу мека. Поради тоа, полжавот мора да внесе многу клациум, а првиот оброк богат со калциум му е токму лушпата од јајцето од кое излегол.

Како што полжавот продолжува да расте, заедно со него расте и неговата куќичка. Полжавот создава нов материјал од кој се гради истата, која потоа се стврднува. Делот од куќичката со која полжавот е роден останува во центарот на спиралата која расте заедно со полжавот, а бројот на прстени, се зголемува со годините на полжавот.

Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи:

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *