Девојче од 8 години има 13 годишно момче, луѓето бараат полицијата да реагира

Иако има само 8 години, Милана Мила Маханец на платформата Лајк, слична на ТикТок има речиси 7 милиони следачи, а на

Инстаграм половина милион. Затоа, таа се нарекува вистинска инфлуенсерка, а посебно е популарна помеѓу руската и украинската публика.

Славата и донела и бројни деловни соработка па така, помеѓу останатото, учествува во модни кампањи.

Меѓутоа, во фокусот на јавноста успеа да пристигне дури неодамна, откако на Инстаграм ја објави врската со 13 годишниот блогер Паша Пел од Москва. Во објавата, која ја избриша, напиша дека таа и Паша се вистински пар.

Младиот пар објави и неколку фотографии на кои се бакнуваат и спијат, а мајката на Милана Дарја изјавила дека не гледа проблем во нивната врска.

“Тоа е нивен живот и тие самите мораат да сфатат како ќе прават и што ќе прават”, објаснила таа, па поради тоа се најде на мета на критики и негативни коментари.

Луѓето започнале да бараат да се отвори истрага и на мајката да и се одземе старателството на девојчето, а случајот веќе неколку дена е главна тема во украинските медиуми и на социјалните мрежи.

Сkандалот го коментирал и украинскиот новинар и поранешен политичар Игор Мосијчук кој смета дека ситуацијата бара итна интервенција на националната полиција.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *