Дете го изгубило видот поради храна која секојдневно ја конзумираме

Момче од пет години јадел само пилешко, пржени компирчиња, леб и газирани сокови, а исхраната била главен виновник за состојбата во која се нашол.

Австралијанецот Сјан Мур, кога имал 14 години, за малку не го изгубил видото затоа што се хранел само со пилешко, пржени компирчиња, леб, а од течности пиел само газиран сок.

Посетил повеќе офтомолози и педијатри, но ниту еден не успеал да му даде одговарачка дијагноза. На крајот во една болница му рекле дека нервот е оштетен, и дека по тоа прашање ништо повеќе не можат да направат за да му помогнат.

Родителите на Сјан на телевизија гледале емисија за луѓето кои го губеле видот токму како и нивниот син. Тие купиле авионски карти и се упатиле во Сиднеј кај офтомологот Стефани Вотсон.

-Бевме преплашени дека нашиот син ќе го загуби видот. Ситуацијата се влошуваше – изјавија родителите.

После прегледот, докторката заклучила дека на Сјан му недостасува витамин А. Заклучиле дека детето од својата пета години јадел само пилешко, пржени компири, леб и пиел газирани пијалоци, а исхраната била главен виновник за ситуацијата во која што се нашол.

Откако секојдневно ја внесувал пропишаната доза на витамин А, неговата состојба значително се подобрила. И додека видот на неговото десно око во целост се вратил, левото око останало трајно оштетено. Сјан ден денес се храни здраво, игра фудбал и ужива во дружењето со своите пријатели.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *