Директорот на СЗО ги објави најубавите вести: Сите го чекавме ова повеќе од една година

Според директорот на Светската здравствена организација, коpонавирусот може за неколку месеци да се стави под контрола доколку се почитуваат мерките.

Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус денес изјавил дека проблемот со пандемијата се уште не е решен, но и дека истиот може да се стави под контрола за само неколку месеци доколку се почитуваат мерките за јавно здравје. Тој додава дека имаат причини да бидат оптимистични. Тој на денешната конференција изјавил дека Светската здравствена организација со нетрпение очекува општествата и економиите повторно да се отворат, а патувањата и трговијата непречено да продолжат.

„Падот на бројот на новозаразени и смртни случаи во првите два месеци од годинава покажува дека овој вирус и неговите мутации можат да бидат запрени“, рече директор на СЗО.

Тедрос изјави дека зголемениот пренос на оваа инфекција најмногу се должи на збунетост и недоследност во спроведувањето на мерките.

Сепак од СЗО, велат дека во моментов одделите за интензивна нега во болниците во многу земји се преполни, луѓе умираат и можно е тоа да се избегне. Во светот досега се потврдени над 136 милиони заразени со коронавирусот. САД, Индија и Бразил имаат најмногу случаи на ковид.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *