“Додека се породував во болница, моето момче побегна со мајка ми”

Новопечената мајка Џес Олдриж се вратила од болница со своето бебе и сфатила дека нејзиното момче побегнало со нејзината мајка.

Кога започнала пандемијата, бремената 24 годишна Џес и нејзиното пет годишно постаро момче Рајан Шелтон се вселиле во домот на нејзината мајка Џорџина и нејзиниот сопруг Ерик.

Неколку недели после вселувањето, 44 годишната Џорџина започнала да флертува со Рајан, а конечниот знак следел кога новопечената мајка се вратила дома со бебето Реубен и сфатила дека нејзиното момче и нејзината мајкна побегнале во нов дом оддалечен 30 километри.

-Тоа е крајно предавство. Очекувате дека бабата ќе се заљуби во бебето, а не во таткото. Требаше да биде баба на моето дете и да ни помогне да се грижиме за нив, но наместо тоа, таа е сега со моето момче. Ми го скршија срцето и изгубив се, мајката и татко на своите две деца – изјавила Џес.

Врската со Рајан, продавач на делови за автомобили, траела три години. Џес ја напуштила работата како домашна помонишчка во Чипинг Нортон во Оксфордшир, оддалечен 115 километри северозападно од Лондон, пред во септември 2019 година да им се роди првото дете, Џорџиана. Година дена подоцна, додека била бремена со Рубен, се преселила кај својата мајка и нејзиниот 56 годишен сопруг Ерик во Глостершир. Мислела тогаш дека враќањето дома би било совршено за неа и нејзините деца.

-Отидовме да живееме со мојата мајка и татко кгоа мајка ми рече дека ќе помогне околу грижата за децата. Вети дека со новото дете ќе ми биде полесно, но всушност беше многу многу потешко. Со месеци бевме заглвени во домот во текот на локдаунот. Беше тоа многу тешко поготово бидејќи Рајан и мојата мајка постојано кокетираа. Чувствувам голем број непријатности, тоа беше тажно искуство. Обично би пиеле бакарти и би се смееле и шегувале во кујната секоја вечер додека јас и татко ми бевме на каучот и гледавме телевизија – изјавила таа.

-Еднаш го фатив Рајан како ја допира мајка ми, а таа само изјави дека сакал да ја помести за да помине. Имав чувство со месеци дека нешто се случува, но никогаш не сакав да поверувам во тоа. Едноставно не беше можно. Мајка ми би носела кратки фустанчиња и би седела спроти него на софата – раскажа таа.

Еднаш им приговорила за тоа, а тие само изјавиле дека тоа не е ништо. Секогаш инсистираа дека помеѓу нив нема ништо, но Џес секогаш се сомневала дека нешто кријат.

Џес се породила со царски рез во болница во Глостершир на 28. јануари, додека сестрата на Џес, Каролина (19) се грижела за Џорџиана. Неколку часа подоцна, Рајан раскинал со Џес преку порака, тврдејќи дека му е мака од тоа што го обвинува за врската со нејзината мајка. Неколку минути откако се родил, го видел Рубен и ден подоцна повторно дојде во болница, на пат да ги собере своите работи. Она што Џес не го знаела е дека тој се преселил со нејзината мајка во новиот дом во друг округ.

-Рајан го видел Рубен само неколку минути откако се породил, а потоа на десет минути ден подоцна додека ги преместувал своите работи. Беа во такво брзање. Дури и мајка ми чекала во паркираниот автомобил на паркингот – раскажала Џес.

Новопечената мајка била отпуштена од болница на 30. јануари кога сфатила дека Рајан и Џорџина се иселиле. И понатаму негирал дека нешто се случило, а поминале уште два дена пред конечно да признаат дека се во врска.

-Кога се вратив дома од болница, сите нивни работи исчезнаа. Знаев дека Рајан ќе биде со мојата мајка, но дека никој од нив тоа нема да го признае, ова не го очекував. Конечно, ден потоа, ја признаа врската. Мајка ми рече дека не може да бира во кој ќе се заљуби, а и Рајан го рекол истото. Беше тоа огромно изненадување, тоа го планирале во текот на целата моја бременост. Мајка ми се раздели со мојот татко, тоа се случувало шест месеци позади мојот и неговиот грб – раскажала Џес.

-Знаеја да се правдаат дека поминуваат време заедно и ме оставаа дома. Мака ми е. Тоа што го направија е подло – изјавила таа.
Џорџина иначе била вработена во старечки дом и има еден брак позади себе, асо Ерик била 12 години во врска пред да се венчаат во 2018 година.

-Неколку недели пред да заминам во болница, мајка ми ми рече дека сака да го напушти Ери, но не се согласив со неа – изјавила Џес и додала дека ниту Рајан, а ниту нејзината мајка не се извиниле.

Љубовниците дури објавиле и на Фејсбук дека се во врска, со тоа збунувајќи ги сите пријатели и семејството. Џес, која сега се вратила во изнајмениот двокреветен дом кој порано го делела со Рајан, се уште не може да поверува.

-Како на луѓето да им објаснам дека таткото на моите деца и нивната баба се во врска? Некои од нашите пријатели го виделе тоа на Фејсбук и се запрепастени. Примив огромен број пораки од луѓе кои се прашуваат што се случило и дали сум добро – изјавила таа.

Џес исто така ја оставиле да плаќа кирија до 439 фунти за својот дом користејќи ги само своите приходи.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *