Доколку ги имате овие работи во домот, можат да привлечат финансиски проблеми

Овие работи носат лоша енергија во вашиот дом секој ден – обрнете внимание!

Лошата енергија во домот може да биде: стална, стагнирана, енергија од претходни лоши настани, како и енергија која создава неред. Енергијата која создава неред предизвикува: умор, летаргија, вишок килограми, поврзаност со минатото, проблеми со варењето, конфузија, недоволно почитување на себе и другите, одолговлекување, кавги, депресија и скржавост.

На пример: по изгледот на кујанта може да ја видиме и здравствената состојба на целото семејство. По изгледот на трпезеаријата, комуникацијата во најтесниот дел од фамилијата. По изгледот на дневната соба, можеме да заклуиме каков е социјалниот живот на членовите од семејството.

Дијагностиката на основа на нередот во одредени делови од домот (лом, стари работи, влага, мувла, лоша состојба на ѕидовите) во однос на нивната употребна функција, ни носи проблеми во одредени аспекти од животот.

Подрум – ова место ја претставува вашата подсвест, нерешени прашања од минатото, одложување на решавањето на тешките ситуации, оптеретеност поради некој предок, мрачна тајна во фамилијата, сметање во комуникацијата со братот и сестрата, како и нерешени судски спорови.

Таван или поткровје – ги претставува вашите идеи и иднина, доколку има неред, вашите цели и можности се ограничени, блокирана е и иднината и постои страв од истата.

Фиоки – неред во нив донесува депресија, а на работното место мрзоволност.

Влез – го спречува животниот напредок, непотребни напори, лошо разбирање, кашлица.

Ходници – проблеми со вените, артериите и циркулација.

Кујна – здравствени проблеми.

Фрижидер – проблеми со финансиите.

Под креветот – хроничен умор, немирен сон.

Во ормарите – несреден живот, несреден ум, незадоволство, неможност за напредок.

На ормарите – наталожени проблеми кои чекаат решение, главоболка.

Остава – скриени проблеми.

Купатило – внатрешни стравови.

Дневна соба – слаб социјален живот, слаба духовна страна.

Гаража – ограничени сте, немате слобода во својот живот.

Скалила – неможност за личен развој.

Работна маса – тешко ја завршувате започнатата работа.

Под – вашите финансии (многу кутии на подот, книги и други работи, го спречуваат текот на парите низ недвижнината).

Во чистотата се наоѓа магијата, дури кога овие работи се темелно средено и исчистени, вашите желби за напредок во животот на секое поле, би можеле да станат реалност.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *