Доколку ги имате овие симтпоми, вие сигурно сте го прележале коpонавирусот

Најмалку половина од ковид пациентите и понатаму патат од општа слабост и потешкотии со дишењето со недели.

Медицински експерти од Израел заклучиле дека ова е најчестиот симптом кој се јавува кај пациентите заразени со коpонавирус.

Додека земјите ширум светот се соочуваат со нагли скок на бројот на заболени од коpонавирусот, многу медицински експерти со месеци ги проучуваат пациентите кои ја прележале болеста Ковид-19 за да откријат како таа го напаѓа телото.

Истражување од Ерусалим открило нешто кое сите треба да го знаеме: 50% од пациентите заболени од ковид доживуваат општа слабост после борбата со вирусот, без оглед дали станува збор за потешка или полесна клиничка слика.

“Најмалку половина од ковид пациентите и понатаму патат од општа слабост и потешкотии со дишењето со недели, а можеби и месеци после опоравувањето, покажуваат прелиминарните резултати на израелското истражување”.

Пулмолошкиот институт во Медицинскиот центар “Шаре Зедек” во Ерусалим ги објави своите наоди, кои се однесуваат на десетина пациенти заболени од Ковид-19, од благи до умерени и сериозни состојби.

Околу 50% од ниви мале ист симптом – општа слабост после опоравувањето, кое не е поврзано со тежината на болеста.
“Помеѓу симптомите кои ги испитувавме, пронајдовме општа слабост кај поголемиот дел од испитаниците, кашлица или краткотраен здив, појава на фиброа, опструкции и сомнеж за белодробна хипертензија”, изјавил професорот Гебријел Избики, директор на Пулмолошкиот институт кој го покрена ова истражување.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *