Доколку го правите ова, секое утро ќе се будите уморни и со главоболка

Будењето со главоболка не е добар почеток на денот. Доколку се будите со тупа, остра или пулсирачка болка тоа ве исцрпува уште на стартот од денот. Постојат повеќе причини поради кои ве боли главата во утринските часови.

Главоболката после будење кај некои луѓе трае кратко, додека кај некои болката ја чувствуваат и со часови подоцна. Овие пет работи би можеле да бидат причина за вашата главоболка.

Лошо сте спиеле

Несоницата може да биде причина за главоболка. Научниците пронашле јасна врска помеѓу недостатокот на сон и мигрената, односно тензинската главоболка. Недостатокот на сон го намалува прагот на болка, па ги прави луѓето почувствителни на главоболка.

Дехидрација

Доколку не пиете доволно вода, можеби ќе се будите со главоболка. Дехидрацијата предизвикува главоболка која може да биде релативно блага или силна како мигрена.

Дехидрацијата влијае на секој дел од телото, па така и мозокот. Земајте доволно течности за да избегнете утрински главоболки.

Апнеа или рчење

Пореметениот сон често е предизвикан од рчење или апнеа, кои исто така може да бидат извор на главоболка после будењето. Меѓутоа, главоболката поврзана со апнеа трае помалку од 30 минути.

Лекови и алкохол

Лековите можат да бидат причина за главоболка и во тој случај треба да се советувате со доктор околу евентуалните промени на терапијата. Исто така, причина за утринската главоболка може да биде и мамурлукот. Големите количини алкохол може да доведат до утрински главоболки, еден од главните симптоми на мамурлук.

Доколку имате проблем со честите утрински главоболка, прво што треба да направите е да посетите лекар, а потоа да се обидете со методата опуштање на болка, која можете да ја погледнете во видеото во продолжение, и да дознаете за што всушност се работи:

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *