Доколку не сакате рак, никако немојте да го правите ова во текот на менопаузата

Хормонската терапија се користи се со цел да се ублажат симптомите на менопаузата кој можат да бидат толку тешки што би можеле да го попречуваат секојдневниот живот.

Хормонската терапија се користи се со цел да се ублажат симптомите од менопаузата кои можат да бидат толку тешки што може да му пречат на секојдневниот живот. Новото истражување покажа дека самата терапија има одредени последици.

Хормонската терапија го зголемува ризикот за појава на рак на јајниците, покажа анализата на 52 одвоени истражувања.

Научниците од Оксфорд универзитетот заклучиле дека на секои илјада жени постари од 50 години кои земале хормони пет години, се појавувал еден дополнителен случај со рак на јајниците.

Авторот на истражувањето Сир Ричарт Пето изјави дека тврдењата дека краткотрајната хормонска терапија нема последици, едноставно се неточни.

Хормонската терапија се користи се со цел да се ублажат симптомите на менопаузата кој можат да бидат толку тешки што би можеле да го попречуваат секојдневниот живот.

Авторот додаде дека истражувањето покажува дека на милиони жени кои користеле хормони поради тоа, се појавиле илјада случаеви со рак на јајниците. Спрема истражувањето, ризикот опаѓа после преземањето на терапијата.

Хормонската терапија е проследено со зголемен ризик за добивање на рак на дојките, но е утврдено дека го намалува ризикот од остеопороза и рак на цревата.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *