Доколку не сакате срцев или мозочен удар, никако не треба да ја јадете оваа храна

Овие намирници не се добри за срцето, а често се наоѓаат на нашата трпеза. Исхраната е многу важна за функционирање на целиот организам, затоа е важно внимателно да се изберат намирниците.

Одредена храна може да помогне во намалување на холестеролот и триглерицидите, но и да го контролира крвниот притисок.

Тоа се намирници богати со Омега 3 масни киселини, калиум, калциум, магнезиум, влакна, фитонутриенти и антиоксиданси. За здравјето на срцето, лекарите препорачуваат медитеранска исхрана.

Истражувањата потврдиле дека исхраната која се базира на зеленчук, риба, житарки и мал внес на млечни масти, може значајно да го намали ризикот од кардивоаскуларни болести.

Од друга страна, тука се и намирници кои не се пожелни, според мислењето на докторите. Оваа храна исфрлете ја целосно или барем сведете ја на минимум доколку не сакате да ризикувате болести на срцето.

Преработено месо

Оваа храна содржи голема количина конзерванси кои неповолно делуваат на срцето, но и на останатите органи. Преработените месни производи вклучуваат сланина, шунка, колбаси, салама, солено говедско, конзервирано месо и слично.

Кечап

Можеби тоа никогаш не сте го помислиле, но и кечапот исто така содржи премногу соли и треба да се внимава на внесот доколку имате проблеми со срцето.

Сол

Овој зачин се користи во многу поголеми количини од препорачаните, а тоа значително го нарушува нашето здравје. Според препораките на Светската здравствена организација, возрасните не би смееле да конзумираат повеќе од 2300 милиграми натриум на ден, што е отприлика една лажица сол.

Житарки полни со шеќер

Читајтеш то пишува на декларацијата бидејжи житарките често содржат големи количини шеќер, а тоа никако не е добро за вашето здравје.

Похована и пржена храна

Храната пржена во мсло никако не е добар избор одколку сакате да се чувствувате добро и ризикот од кардиувасукалрни болести да го сведете на минимум.

Бел леб и ориз

Многу подобар избор е оној леб направен од цели житарки, како и интегрален ориз.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *