Доколку ова го направите пред спиење, наутро ќе ве чека огромна среќа

Не постои брз и точен рецепт за среќа, бидејќи секоја индивидуа среќата ја доживува на единствен начин.

Сепак, малите промени и едноставните и прекрасни ритуали, може да направат нашата среќа да не следи од час во час, од ден во ден.

Кои едноставни ритуали пред спиење ви помагаат да бидете посреќни и да имате повеќе позитивна енергија која ќе ја пренесете и во наредниот ден? Ние ви направивме листа од 5 едноставни ритуали која можете да ја прочитате во продолжение.

Благодарност и потсетување на изминатиот ден

Прва работа е благодарноста: Одвоите неколку минути пред спиење за да бидете благодарни на денот кој е позади вас, на сите привилегии кои ви ги донел животот и што сте учесник во најубавата авантура која едноставно кажано се нарекува живот.

Размислувањето за наредниот ден и обврските кои не чекаат, може да не вознемири и да предизвика несоница. Затоа е најважно пред спиење да се потсетите што убаво ви донел изминатиот ден. Заблагодарете се на средбата со пријателите, вкусната храна, насмевките, сонцето и добрите шанси. Кога ќе започнете да набројувате работи за кои сте благодарни, ќе сфатите колку всушност вие сте богати.

Креирајте цел и изговорете ја наглас

Креирајте цел и изговорете ја наглас, вашата намера, вашата цел или вашето ветување. Тоа е всушност вашата идеја за нешто за кое сте многу одлучни, со цел да внесеме позитивни промени во својот живот.

Креирајте една цел која треба да биде прилично кратка и изразена на позитивен начин. Формулирајте ја така што ќе укаже на успех кој е веќе постигнат.

На пример: “Јас сум силна и здрава” или “Мојот живот е точно онаков каков што сакам да биде”.

На овој начин го тренирате својот ум да размислува позитивно, да биде пофлексибилен во средбата со промените и да го прифати оптимистичниот став.

Запомнете ги своите соништа

Медитираме за да стекнеме контрола над своите умови, да ги скротиме своите мисли и да живееме во активна хармонија со светот околу нас. Можеме ефикасно да го насочиме умот да работи во наша корист, а еден од начините е тоа да имаме пристап до нашите соништа.

Некои луѓе со леснотија се сеќаваат на своите соништа, додека некои знаат дека сонувале нешто убаво и важно, но не можат да се сетат на ниту еден момент од сонот. постојат неколку начини да ги запомните своите соништа, а еден едноставен и ефикасен е всушност да размислите за тоа пред спиење. Додека лежите во мракот, изговорете: “Сега ќе заспијам, и соништата ќе дојдат. Ќе бидам свесен за овие соништа и ќе се сеќавам кога ќе се разбудам”.

Кога наутро ќе започнете да се сеќавате на своите соништа, ќе имате чувство на остварување – сте го насочиле своојот ум да работи за вас.

Дишете и фокусирајте се на своето тело

Покрај умот, важно е пред спиење да посветите внимание и на своето тело и да го подготвите за сон. Неколку пати длабоко вдишете додека им се препуштате на своите мисли. Потоа фокусирајте се на ножните прсти, па насочете го вниманието кон нозете, потоа стомакот, рацете, рамената, вратот и главата.

Не осудувајте се себе си поради емоции кои во тој момент ги чувствувате. Само концентрирајте се на своето тело се додека не потонете во сон.

Дајте си себе си малку љубов

Доколку после сите овие ритуали и понатаму сте будни, фокусирајте се на дел од телото кој ве боли или на душата доколку на неа постојат некои емотивни рани. Ставете ја раката на подрачјето каде се манифестира болка и загрејте го тоа место. Мирно дишете за да останете смирени. Доколку болката е емоционална, ставете ја раката на градите и држете ги додека не заспиете.

Запомнете, љубовта која си ја давате себе си е љубов која влијае на целиот свет. Негувајте се себе си, и вашата околина ќе стане исполнета со светла енергија. Кога себе си се третирате добро, така само покажувате колку сте благодарни што сте дел од магичниот развој на животот.

Нема поубаво чувство отколку кога ќе заспиете опкружени со енергија за благодарност и љубов.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *