Доколку припаѓате на ОВИЕ групи на луѓе, никако не смеете да јадете домати (патлиџани)

Верувале или не, поради омилената летна салата може да добиете камен во бубрег.

Доматот е омилена летна салата за многумина. Сочен, освежувачки црвен плод преполн со ликопен кој речиси сите го обожаваат и го сметаат за безбедна и многу здрава намирница, но доматот всушност може да има и некои лоши непосакувани дејства.

Доколку чувствувате некои од следните симптоми, можеби припаѓате на група на луѓе која не би смеела да конзумира домати:

Желудачни рефлукс

Доматот спаѓа во многу кисели намирници и затоа може да предизвика горчлина кај луѓето кои патат од гастритис или гастроезофагеален рефлукс. Дури иако сте здрави и не патите од тие стомачни проблеми, доколку јадете премногу домати или доматен сос, и вие можете да искусите некои од овие непријатни симптоми.

Болка во зглобовите

Верувале или не, премногу домати во исхраната може да предизвика болка во зглобовите. Причината е алкалоид по име соланин, кој гради калциум во ткивата, а во доматот го има прилично многу. Премногу калциум во ткивата може да предизвика воспаление, болка и оток во пределот на зглобовите.

Проблеми со бубрезите

И ова има врска со складирање на калциум. Доматот е исто така богат со оксалат, супстанца која тешко се метаболира кога ќе се земе премногу и тоа може да резултира со создавање на камен во бубрегот. Црвениот сочен плод содржи и многу калиум, што исто така може да влијае на функцијата на бубрезите. Доколку имате некои проблеми со бубрезите, бидете посебно внимателни.

Алергиски реакции

Доматот содржи соединение хистамин, кое помага на имуниот систем да се бори против вируси и бактерии. Не би верувале колку алергиски реакции се предизвикани токму поради доматот, а обично се јавува во облик на осип или оток на јазикот, се уште некои непријатни симптоми. На луѓето на кои им е дијагностицирана алергија на домати, чувствуваат многу потешки тегоби.

Синдром на нервозни црева

Доколку патите од синдром на нервозни црева, доматот може да биде прекинувач на симптомите како дијареа, болни грчеви, надуеност, гасови и затвор. Во вакви случаеви подобро е да се држите понастрана од кисели намирници како што е доматот.

Ликопенодермија

Ликопенот е пигмент кој се наоѓа во доматот, но и во многу други намирници. Кога се конзумира во вистинска количина, тој е одличен за срцето. Но, доколку се претерува, може да дојде до пигментација на кожата, односно состојба позната под имено ликопенодермија.

Уринарни проблеми

Храната која содржи многу киселини, како доматите, можат да го изиритираат мочниот меур. Доколку патите од уринарни инконтиненции или сте склони кон други уринарни проблеми, најдобро е да избегавате кисела храна. Готвењето на доматот исто така нема да ви помогне во овој случај, бидејќи сосот од домат и кечапот се уште полош избор.

Листовите од домат можат да бидат отровни

Листовите од омилениот црвен плод не се сметаат безбедни за јадење. Во големи количини можат да предизвикаат тешки и опасни симптоми, а во одредени случаеви може да дојде до труење и смрт. За секој случај, целосно избегнувајте конзумирање на листови од домат.

Ги влошува симптомите на автоимуни болести

Алкалоидите во доматот можат да ги влошат воспаленијата во телото, што е посебно лошо за луѓе кои патат од автоимуни болести. Многумина кои патат од овие заболувања во целост би требало да го исфрлат доматот од исхраната, меѓутоа не само него, туку и сите намирници кои припаѓаат на групата ноќни сенки, на кои припаѓа и компирот.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *