Докторите открија дали ќе мора да носиме маска откако ќе се вакцинираме, вести кои нема да ви се допаднат

Др. Хес наведува дека би можело да биде тешко да се воведе задолжително носење маски откако луѓето ќе се вакцинираат.

Канада објави во средата дека ја одобрила вакцината на Фајзер/Бионтек и така стана третата земја, после Велика Британија и Бахреин, која и даде зелено светло. Наскоро и вакцината која ја произведуваат и Модерна и АстраЗенека би можела да добие одобрување, но ќе поминат уште неколку месеци за да се вакцинираат сите кои сакаат.

Едно од прашањата за кое најмногу сега се дискутира е дали ќе биде потребно да се носи маска откако личноста ќе се вакцинира против ковид-19.

-Мислам дека на крај нема да треба, но ќе треба, додека не дознаеме дека оваа вакцина е ефективна и дека делува, ќе мора да носиме маски – изјави педијатарот др. Дијан Хес за.

Фајзер и Бионтек доставиле податоци до Американската агенција за храна и лекови која покажува дека нивната вакцина против коpонавирус е сигурна и 95% ефективна во клиничките испитувања. Советодавниот одбор на Американската агенција за храна и лекови би требало да се состане во четврток за да се разгледа нејзиното одобрување. Модерна исто така бара одобрување за својата вакцина за која вели дека е ефективна во 94,5% од случаите.

Сепка, дури ниту со сите овие силни показатели, ниту една вакцина не е 100% ефективна. Мал број на луѓе кои се вакцинирале во клиничките испитувања и потоа се заразиле со ковид-19, а личностите кои се вакцинираат би можеле да го пренесуваат вирусот на другите дури иако самите не заболат.

-Немаме клинички испитувања кои би покажале дека луѓето кои се вакцинираат не го шират вирусот. Можеби не се разболуваат, но можеби сепак го шират вирусот доколку се заразат – објаснил др. Хес.

Др. Хес наведува дека би можело да биде тешко да се воведе задолжително носење на маски откако луѓето ќе се вакцинираат.

-Луѓето ќе мислат дека оваа вакцина е како пропусница, како да имате пасош бидејќи сте вакцинирани – наведува др. Хес.

Вакцинирањето во вторникот веќе започна во Велика Британија, откако британската влада даде итно одобрување за вакцината на Фајзер.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *