Докторите предупредуваат: Овие намирници се најопасни за вашето срце

Вашето здравје премногу зависи од она што се наоѓа во вашата чинија. Тоа важи и за вашето срце.

“Храната која е здрава за срцето содржи хранливи состојки кои докажано го погодуваат кардиоваскуларниот систем или го намалуваат ризикот од развој на срцеви болести преку намалување на лошиот холестерол и триглицеридите во крвта, намалување на крвниот притисок, контрола на тежината и подобрување на чувствителноста на инсулин”, вели Раниа Батајнех, авторка на книгата The One One One Diet.

Омега-3, калиум, калциум, магнезиум, влакна, фитонутриенти и антиоксиданти се вајважните за здравјето на срцето. Поради тоа, медитеранската исхрана и даш диетата се сметаат за најдобар избор за оние кои сакаат да го одржат или подобрат здравјето на срцето.

Менито е базирано на производи од цели житарки, јаткасти плодови и грав, со малку млечни производи и масти здрави за срцето, и може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести за отприлика една третина, според истражување од 2016 година објавено во магазинот Journal of the American College of Cardiology.

Доколку ве интересира кои намирници, според оценката на експертите – диетичарите и кардиолозите, не се добри за здравјето на срцето, прочитајте на листата во продолжение.

На листата со најштетни намирници за здравјето на срцето се најдоа месните преработки, хотдозите, кечапот, солта, житарките преполни со шеќер, млечни алтернативи со вкус, пржено пилешко и компири, чипс, овошно смути, зелени сокови, јогурти со овошни вкусови, гранола, маргарин, црвено месо, бел леб, бел ориз, спортски напитоци, енергетски напитоци, пици, слатки и алкохол.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *