Докторите советуваат: Зошто треба да јадете по неколку зрна аронија секој ден?

Аронијата е листопадна грмушка со потекло од Северна Америка. Нејзините староседелци, Индијанците, биле добро запознаени со нејзините лековити дејства. Аронијата во себе крие многу хранливи витамини и антиоксиданси, како витамин Ц.

Иако во текот на последните години стекна огромна популарност во модерното општество, нејзината лековитост моментално се проучува во лаборатории ширум светот. Нејзините овошки се познати по тоа што ја подобруваат циркулацијата, ги зајакнуваат крвните садови и го намалуваат ризикот од срцеви болести.

Аронијата спречува и појава на дијабетис и други кардиоваскуларни болести.

Во плодовите на ова растение се наоѓа голема количина фенол, кој го дезинфицира крвотокот и телото, а влијае и на брзо зараснување на рани.

Конзумацијата на аронија го регулира вашиот крвен притисок, спречува грчеви во крвните садови и го држи крвниот притисок под контрола.

На луѓето со зголемен крвен притисок им се препорачува сок или чај, кој после неколку дена конзумирање помага во регулирање на покачениот крвен притисок. Аронијата исто така влијае и на убивање на клетките на ракот и нејзината примена во исхраната на заболените од карцином е се почеста.

Иако многумина сметаат дека морковот е најголемиот извор на картоен, аронијата во себе содржи многу повеќе пигметни кои влијаат на здравјето на очите.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *