Доктор Караџовски: Отворена е и опцијата за целосно затворање на државата

Дали во Македонија следи целосно затворање на државата поради новонастанатата ситуација?

На вчерачните телевизиски гостувања, претседателот на Комисијата за заразни болести, доктор Жарко Караџовски изјави дека размислуваат за сите мерки, вклучувајќи локално, регионално, па дури и целосно затворање на државата.

“Прво да видиме дали новите мерки кои се донесени ќе дадат резултати. Најлесно е да предложиме карантин на целата територија”, рече Караџовски на 24 вести.

Според доктор Жарко Караџовски, лицата кои најчесто се заразуваат и кои го прошируваат вир усот, се на возраст помеѓу 20 и 40 години и дека тие се оние кои го шират вирусот.

“Ова е опасно заразување, да не се занесуваме, сите сме во опасност, постарите генерации се поизложени, но може да почине и човек без хронично заболување”, предупреди Караџовски.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *