Доктор Несторовиќ: Без потреба се пренатрупани болниците, лажно позитивни тестови, непотребно ги плашат луѓето

Како што вели, порано луѓето не се тестирале на грип, и во екот на сезоната многумина биле болни и ја прележале инфекцијата, не знаејќи со кој вирус точно се заразени.

Пулмологот доктор Бранимир Несторовиќ, објасни дека голем број луѓе кои се во болниците се примени со благи симптоми и имаат лажно позитивни тестови на ковид и дека така доаѓаме во ситуација дека болниците се пренатрупани.

-Тест, како секој тест. Што значи тест? Тестот не значи бог знае што. Околу тестовите, тоа е сега битка на живот и cмрт. Се подигна една голема група, 22 експерти, кои бараат тестирањето да се запре, бидејќи методологијата со која се прави е целосно недоверлива. Вие кога размножувате генетски материјал на вирусите, вие тоа го правите во циклуси, апратот ја загрева ДНК, таа се разделува, потоа се додава ензим. Потоа се лади, тие прават од еден 2, од 2 – 4 од 4 -8 и сега зависи каде ставате крај на циклусите.

-Американска агенција вели дека ако правите 33 циклуси речиси сите кои се позитивни се здрави. Со 25 никој нема. Доколку одиш на 37 циклуси или на 50 циклуси, сите ќе бидат позитивни. Во суштина, тестот може да биде и ваков и таков, тоа е главната забележка. Така, тестот е често лажно позитивен. Потоа доаѓате во ситуација да огромен број луѓе кои имаат блага клиничка слика мора да ги примите во болница, а потоа болниците се пренатрупани, баш како и амбулантите. Декември е месец на сезона на респираторни вируси – раскажува тој.

Како што вели, порано луѓето не се тестирале на грип, и во екот на сезоната многумина биле болни и ја прележале инфекцијата, не знаејќи со кој вирус се точно заразени.

Тој додава дека е необично тоа што третиот бран на епидемијата на ковид е најсилен, но дека cмртноста, сепак е мала во односот на бројот на заразени, како и дека само 0,5% од луѓето на старост до 70 години завршуваат со фатален исход.

Како што кажал, обдукциите кои се правени во светот покажале дека најчеста причина за cмрт кај пациентите е згрутчување на крвта, а не воспаление на белите дробови.

Несторовиќ имаше што да каже и на принципот на присилна хоспитализација во БиХ.

-Имаш позитивен тест, тие те сместуваат во болница, а ти не сакаш да одиш. Ги погазивме сите принципи на етика во знак на одбрана од вирусот, чија смртност моментално е под 0,1 отсто во светот, малку повеќе од грипот. Ние во целост ги уништувме човечките карактери. Од СЗО велат дека следните две години нема да можеме ниту да размислуваме за натпревари и концерти.

Англија донесува закон да не можеш да заминеш кај девојката, доколку не си венчан. Не можам тоа да го разберам. Имало епидемии на колера, сериозни болести. Не ја разбирам потребата да ги плашат луѓето, бидејќи нема причина за страв. Секоја болест има свои последици – раскажал доктор Несторовиќ.

Тој изјави дека cмрт од ковид треба да се констатира не само со позитивен тест, туку и со промени кои можат да се видат на телата на починатите со обдукција.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *