Доктор Нестровиќ: Пандемијата не постои, а тестовите се лажни

Гостувањето во емисијата Теории на завери, со денови се коментира на социјалните мрежи.

Доскорешниот член на кризниот штаб на Србија, др Бранимир Несторовиќ како на секој начин да се труди да ги налути колегите од тоа тело, формирано да се бори против пандемијата. Не поминува ден, а да познатиот пулмолог, сега пензионер, не каже нешто против ваkцинацијата, а наведува и дека ковид не е нешто сериозно, иако од него во Србија досега починаа повеќе од 4.000 луѓе.

Овој пат, во недела вечерта, Несторовиќ од емисијата ТВ хепи симболично наречена Теории на завера, порачал работи кои не можат да се потврдат во пракса.

Пандемијата воопшто не постои

Тој проблем со СЗО прв пат го имав во 2009, кога беше пандемијата на свински грип. Мене секогаш тешко ми е да кажам пандемија затоа што ниту оваа, ниту пак таа, ги исполнуваа основните услови за пандемија. СЗО направи неколку сандали кои поминаа целосно незапазено. Тие три пати ја менуваа дефиницијата за пандемија во текот на пандемија и тогаш имаше многу сандали. Тоа се заврши некако, најверојатно бидејќи немаше толкава економска штета.

И сега овој пат истото се повторило, во моментот кога е прогласена пандемијата, не беа исполнети условите за епидемија. Тогаш СЗо правеше кругови кои завршија на 20. јануари, еден час после инаугурацијата на Бајден. СЗО го промени начинот на тестирање со ПЦР тестот, го спушти на 25 циклуси и прогласи дека не треба да се тестираат луѓе кои не се фебрилни, кои немаат температура. Така СЗО практично го објави она што неколку пати го кажав дека пандемијата е смислена за да се отстрани Трамп.

Ден после инаугурацијата на Бајден, шефот на СиЕнЕн вели дека ковид не претставува опасност за Америка, дека тие воопшто нема да ја следат таа приказна бидејќи имаат многу голема доверба дека Бајден ќе ја стави под контрола.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *