Доктор открива колку години би траела пандемијата со коpона доколку немаше вакцина

Коpонавирусот би однел милиони животи.

Доктор Андреј Трампуж, вирусолог од Германија во утринската програма на ТВ прва истакнал дека сега, кога веќе се ближи крајот на пандемијата би било многу глyпо да се заразите со коpонавирус, и дека во овој период мерките треба да бидат најстроги.

-Доколку не пронајдовме вакцина, дури за 10 години би имале колективен имунитет, но и милиони луѓе кои ја изгубиле битката со вирусот. Колку побрзо започнеме да се вакцинираме, толку подобро. Секој ден имаме многу нови инфекции, во Германија и 500 мpтви дневно од коpона.

Секоја вакцина има нус-појави, но овој вирус е толку опасен што мораме да го поставиме прашањето, што е подобро – дефинитивно се тоа благи нус-појави, но и имунитетот кој за возврат ќе го добиеме. Мислм дека поголем проблем ќе биде тоа дека нема да има доволно вакцини во почетокот и самата логистика околу нивното доставување.

Доктор Томаж истакнува дека колку повеќе симтпоми имаме, толку повеќе сме инфективни, како и дека 80 до 90 инфекции се случуваат од асимптоматски или пресимптоматски.

Но кога личноста е најинфективна?

-Вирусот се шири преку воздухот, неколку дена пред почетокот до неколку дена после крајот на респираторните симптоми. Ние сме 7 до 10 дена инфективни, а многу се оние кои немаат симптоми и за нив не знаеме дека го пренесуваат вирусот. Единствениот начин е да до вакцина ги намалиме социјалните контакти што е можно повеќе. Дома тоа е невозможно, но барем да не се гледаме со другите. Маските се многу ефикасни, па доколку би ги носеле сите од јануари, тогаш во целост ќе ја спречиме пандемијата, заклучува тој.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *