“Должам милион ипол евра, важно е што главата ми е на рамена” – Дарко Лазиќ откри дека долговите растат

-Ако некои други можат да должат, зошто и јас не би можел? Милион ипол не е малку – рече Дарко.

Пејачот Дарко Лазиќ веќе некое време има долгови, а како што истакна сега, неговите долгови значајно пораснале.

Дарко ја шокирал јавноста кога открил дека износот кој го должи е милион ипол евра, но и додаде дека знае дека сето тоа ќе го врати.

-Се уште не ги вратив долговите, пораснаа. Беше милион, сега милион и половина. Но добро, штом почнам да работам, ќе ги вратиме. Важно е што главата ми е на рамена – изјави Дарко и додаде:

-Ако некои други можат да должат, зошто не би можел и јас? Милион ипол евра не е малку – изјави Лазиќ.

Водителката го запраша пејачот дали се шегува?

-Не се шегувам. Кој треба да го интересира дали јас должам или не? Дали треба поради сега тоа да ме убијат? Се е за луѓе, јас сум најнормален човек. И да должам, знам дека ќе ги вратам – заклучи пејачот во емисијата, не сакајќи да открие на кој му должи толкава сума на пари.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *