Дури и главата ја избричила: Глумела дека има рак, па собрала огромна сума на пари за венчавка од соништата

После свадбата, таа продолжила со својот нехуман план.

Тони Станден (29), знаела дека никогаш нема да може да собере толку пари за венчавката од соништата која со години ја планирала.

Затоа, дошла до идеја да ја лажира својата болест. И тоа ниту помалку, ниту повеќе туку терминален стадиум на рак.

Британката успеала од пријателите и следачите по социјалните мрежи да собере дури 11.000 евра за да се омажи за партнерот Џејмс на начин кој го замислувала уште додека била девојче.

За нејзината приказна да изгледа уште поуверливо, Тони за венчавката се откажала и од долгата коса, која неколку месеци пред венчавката, ја избричила својата глава, за полесно да ги убеди луѓето да донираат за нејзината “свадба”.

Не само што се лажела себе, туку за болеста и нејзината приказна го искористила и покојниот татко.

“Мојот Дерек најмногу би сакал да може да ме испрати до олтарот, но тато почина од рак”, додала таа во видео-пораката.

И лагата поминала. Не само што ги собрала потребните пари (дури и повеќе од планираното) и не само што имала венчавка од соништата, туку Тони и Дерек добиле и меден месец во Турција од локален фудбалски клуб кој се сожалил на девојката.

Други луѓе им платиле мини-одмори во Германија и Чешка, па и во Италија, додека жената цело време додека патувала објавувала срцепарателни постови колку и е убаво иако знае дека и се “ближи крајот”.

Меѓутоа, целата приказна паднала во вода откако започнала на сите да им зборува дека има ковид-19. На многумина им било премногу од Тони, па на крај била пријавена во полиција. После детални прегледи во болница, се испоставило дека нема ниту рак, ниту пак е заразена со ковид-19.

Пријателката на Тони Станден изјавила дека таа заслужила улога за Оскар.

“Сите не намами. Паднавме како мали деца на нејзината приказна. Сите бевме скршени и премногу тажни што не искористи. Ужас”, додала Шерил Естон.

Но, тоа не е се. Во текот на годината, некој го хакнал нејзиниот профил на социјалната мрежа Фејсбук и објавил дека починала.

Тоа секако не било вистина, а останува да се погодува дали некој сакал да се пошегува или било одмазда за “венчавката од соништата на заболена жена”.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *