Д-р Даниловски смета дека потребни се викенд мерки и полициски час во Македонија

Д-р Драган Даниловски, кој ја поддржа и одлуката за кризна состојба со која Армијата ќе може да помогне, смета дека се неопходни викенд мерки и полициски час за да може здравствениот систем да го издржи напливот на пациенти заразени со ковид-19.

„Сегашните мерки покажуваат дека може да се прекине тој раст на заболени, што значи дека во некој нареден подолг период би имале линаерно зголемување на просечно по околу 1000 нови ковид-случаи. Сепак сметам дека здравствениот систем не може да го издржи тоа и затоа се потребни построги мерки, како што се викенд мерки, но и сметам дека полицискиот час е неопходен“, вели епидемиологот Драган Даниловски за Канал 5 телевизија.

Д-р Драган Даниловски смета дека прогласувањето на кризна состојба е сосем соодветна мерка, но треба да се искористи за интервенции во здравствениот систем.

„Добро е што се вклучи Армијата за да биде на помош на полициските службеници“, истакна Даниловски, додавајќи дека со ова темпо за три месеци ќе има колективен имунитет.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *