Еве зошто била СОН на секој маж: Вака изгледала Моника Белучи во 1995 година (ФОТО)

Актерката Моника Белучи денес има 57 години и изгледа фантастично, а мажите ширум светот и пред 26 години биле воодушевени од нејзината убавина, а токму поради тоа, таа била сон за многу мажи.

На социјалните мрежи се појави фотографија од 1995 година на која Моника Белучи, е во друштво на колегата, холивудскиот актер Леонардо Дикаприо.

Моника тогаш имала 31 година, а фотографите покрај неа го фотографирале и младиот актер Дикаприо, кој тогаш имал само 21 година. Дикаприо тогаш бил речиси на почетокот на својата кариера, а улогата која го вивнала помеѓу ѕвездите и со која станал планетарно познат и признат актер следела две години подоцна, кога многу женски срца ширум светот ги освои со улогата во филмот Титаник.

Моника Белучи, денес е една од најпопуларните актерки која со својот шарм плени каде и да се појави, а кога прослави 51. роденден и кога загази во шестата деценија од својот живот, изјави дека педесетите години се подобри од дваесетите.

“Кога наполнив 50, не се залажував со размислувања како можат и понатаму да имам енергија и полет на една дваесетгодишна девојка. Никогаш не би се вратила во тие години. Во четириесетите бев борец, а сега е време за препород”, изјавила пред шест години, Моника Белучи.

Она што малкумина знаат е дека сакала да се занимава со моделинг и право. поради тоа и студирала право на Универзитетот во Перуџа, но на крајот се откажала од факултетот, за да се посвети на моделингот. Во 1990. година, се омажила за фотографот Клуадио Бас, а се развеле после четири години. Откако работела на неколку италијански телевизии, како и глумела во филмови, Белучи се претставила на американската публика со филмот Дракула во 1992. година.

Другиот сопруг, Венсан Касел го запознала во филмот Апартман. После неколку години се венчале. Моника Белучи од бракот со Венсан Касел има ќерки Дева (13) и Леона (8). Интересно е што додека биле во брак, Винсент и Моника живееле во одвоени станови, за да не упаднат во рутина и да станат навика еден за друг. Дури и покрај тоа, се развеле во 2013 година.

Обожавателите напишале бројни позитивни коментари на фотографијата.

“Бие најтешка битка во животот” е само еден од коментарите на фотографијата на Моника Белучи и младиот Лео.

Погледнете ја фотографијата во продолжение:

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *