Европа ги качува цените на вakцините, ако една доза чинела 12, сега ќе чини 19,5 евра

Фајзеровата ваkцина чинела 12 евра, потоа 15,50 евра, а Европската комисија сега потпишува договори по цена од 19,5 евра, открил бугарскиот премиер Бојко Борисов во изјавата која ја пренесуваат бугарските медиуми.

Во неодамнешната распределба на 10 милиони дози, чија забрзана испорака ја договорила Комисијата, Бугарија добила најмногу дополнителни дози, речиси 1,26 милиони.

Според зборовите на бугарскиот премиер, испаѓа дека тие дополнителни дози би можеле да бидат скапо платени. Цената на БионТек и Фајзер расте, наведува тој.

Европската комисија никогаш не ги откривала цените по кои се договарале различни ваkцини минатата година. Од белгиската влада накратко протекол ценовникот според кој испаѓа дека ваkцината на АстраЗенека ја чинела Европската Унија 1,78 евра по доза, додека онаа на Фајзер цели 12 евра по доза.

Бугарскиот премиер Борисов во своето обраќање до новинарите додал дека моментално се преговара и потпишување на договор за 900 милиони дози по цена од 19,5 евра. Тоа е трошок од 18 милијарди евра за понатамошно спроведување на имунизација, а дозите ќе бидат испорачани веројатно на есен, зима и во текот на следната година. Затоа и државните буџети на сите земји членки треба да пронајдат се поголем износ за набавка на средства за имунизација, заклучил бугарскиот премиер.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *