Едноставен рецепт со кој косата расте до 12 сантиметри за два месеци

Оризовата вода, поточно водата која ја добивате после варење ориз, е тренд во кој се колнат блогерките.

Имено, овој третман од домашната кујна, наводно ја обновува косата, ја прави сјајна, еластична и го поттикнува нејзиниот раст и тоа до дури 12 сантиметри за два месеци. Тоа го тврдат жени кои го користат ова, иако за тоа немаат научни докази.

Во азиската култура се тврди дека оризовата вода за косата е благотворна бидејќи содржи аминокиселини кои ја зајакнуваат и хранат косата, како и иноситол, јаглени хидрати кои наводно ја поправаат структурата на оштететната коса и во неа остануваат и после испирањето, делувајќи како штит против новите оштетувања.

Подготовката и користењето е многу едноставно. Во сад во кој сте ставиле една шолја со вода додадете шолја ориз, па промешајте со раката додека водата не ја промени бојата. За поубав мирис можете да додадете кора од портокал. Затворете го садот и оставете го во фрижидер најмалку 12 часа.

Косата измијте ја со шампон и добро исперете ја со обична вода, а потоа ставете чаша оризова вода наместо регенератор. Оставете го да делува околу дваесетина минути пред да го исперете.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *