Елмас патриотски: За Македонија сè би дал

Македонија на вчерашниот натпревар против Грузија, со голот на Горан Пандев во 56тата минута од натпреварот, се пласираше на ЕП.

Историскиот успех на Макеоднската фудбалска репрезентација ја крена Македонија на нозе, а нацијата слави како никогаш досега.

Фудбалерот кој ја започна маестралната акција по која Македонија со голот на Пандев обезбеди пласман на Европското првенство во фудбал, Елиф Елмас, со многу емоции и еуфорија го преживеа натпреварот, но и часовите што следуваа после него.

Неговите емоции се очекувани, имајќи во предвид дека Елмас секогаш јасно кажувал што значи за него македонскиот дрес.

Македонија е нешто што многу значи. Прво, Македонија е едно големо срце! Потоа татковина, мајка… За Македонија сè би дал. И ова не го зборувам само колку да го кажам, туку е нешто што го чувствувам. Многупати досега го покажав тоа дека би играл за сите селекции. Ако треба и ако можам пак ќе играм за сите селекции – до мојот последен здив! И на сите играчи им велам дека треба да ја сакаат својата држава како што ја сакам јас и да уживаат во тоа – порача Елмас кон крајот на минатата година, пренесува „Спорт1.мк“.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *