Жена го фотографирала “Окото на бурата”, феномен кој многу ретко се гледа

По бурата Кјара, оваа жена успеа да направи ретка фотографија на феномен познат како ‘окото на бурата’

Бурата Кјара, која се споредува со уште една европска бура, Сабина, во тек на викендот 8-9 февруари помина низ Ирска и Велика Британија , пред да заврши на северниот брег од копното на Европа. Неколку моменти по големата бура, оваа жена успеа да направи неверојатни фотографии од ‘окото на бурата’. На фотографиите кои беа споделени на Фејсбук, се гледа полната месечина обиколена од природни формации од облаци, што на луѓето им изгледа како Мајката природа да ги гледа од горе.

Една Британка ‘улови’ неверојатен миг од ‘окото на бурата’.

Четириесет и осумгодишната Сара Хоџес, од Болтон, Велика Британија, забележала како месечината силно сјаје низ облаците вечерта на 11-ти февруари. Сакајќи да го сподели реткиот феномен со пријателите, таа го фотографирала и споделила на својот Фејсбук профил.

Овие фотографии се направени во Болтон, Велика Британија, каде бурата Кјара помина

Но, таа не била свесна дека фотографиите направени со нејзиниот самсунг S9 телефон, брзо ќе станат популарни на интернет и ќе соберат над 2000 лајкови, а ќе бидат споделени над 35.000 пати, цитирајќи ја нејзе за неверојатните фотографии од полната месечина која сјае низ заканувачките облаци од бурата.

Жената која ги објави фотографиите не очекувала дека ќе станат популарни.

Сара, која работи како пекарка, за едни вести изјави:

– Фотографиите ги направив вечерта на 11-ти февруари помеѓу 21.34 и 21.39 од прозорецот на мојата спална. Опседната сум со месечината, сонцето, изгрејсонцето, морето и другите природни убавини. Го користев мојот самсунг S9. Знам дека имав среќа, луѓето користат скапи камери за да добијат совршена фотографија. Возбудена сум и горда, што направив ретка фотографија.

Фотографијата беше споделена над 35.000 пати

Бидејќи фотографиите циркулираа на разни социјални мрежи, многумина воодушевено реагираа гледајќи ја нивната неверојатна убавина. “Ја сочував фотографијата, одлична е за позадина на мојот мобилен телефон“ напиша една личност. „Неверојатно!“ додаде друга.

Многумина видоа религиозна порака во овие фотографии. Но, се разбира имаше и такви кои не се согласуваат со тоа.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *