Жена навела неверојатна причина за развод, па судот ја одбил: “Сите сонуваат за таков маж, а ти сакаш да се разведеш”

Жена навела неверојатна причина за развод, па судот ја одбил: “Сите сонуваат за таков маж, а ти сакаш да се разведеш”…

Разочарана жена од Индија со месеци се мачела во бракот поради однесувањето на својот сопруг, па одлучила да стави точка на таа заедница, а како причина навела нешто кое ги збуни другите жени, но и луѓето на социјалните мрежи.

Имено, Индијка побарала развод бидејќи сопругот премногу ја сака, пишува Блиц.

Неодамна таа му се обратила на шеријатскиот суд за да го поништи бракот после смао 18 месеци, а како причина го навела тоа што мажот никогаш не се расправа со неа, што е едноставно неприфатливо. За работата да биде уште “полоша”, мажот готви, чисти и и помага во домашните обврски.

-Никогаш не го повишува гласот на мене и никогаш не ме налутил. Дури и готви за мене и ми помага по дома. Кога и да згрешам, тој ми простува. Сакам да се карам со него. Не сакам живот во кој мажот се сложува со мене околу се што ќе речам – изјавила на суд.

Откако ја сослушале, збунетите членови на судот го отфрлиле нејзиното барање за развој и го замолила брачниот пар да поработи на своите разлики. Но, разочараната жена не застанала тука, па му се обратила и на локалниот селски суд, кои членови, исто така го одбиле нејзиното барање.

Според локалните медиуми, нејзиниот маж тврдел дека сака само да биде совршен сопруг, и не знаел дека тоа ќе и пречи на неговата жена.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *