Жени, бегајте од вакви мажи што подалеку, тие се дефинитивно најлошите

Ваквите мажи е најдобро да ги избегнувате.

Епипов синдром, како што стручно се нарекува овој однос се карактеризира во вид на болна љубов кон мајката и амозитет кон таткото. Мајката која во најрано детство детето премногу го врзува за себе, понекогаш дури и патетично така што тој во неа гледа жртва на својот татко, а со самото тоа чувствува постојано потреба да ја заштити.

Таа претерано се грижи за својот син, го проверува каде е и со кој е, дали јадел, дали спиел. Започнува да го живее својот живот низ него. Ваквите мажи често остануваат емотивно неисполнети, во своите партнерки ја бараат својата мајка, но ниту една како неа не ги исполнува тие очекувања, врската со овој тип на мажи е осудена на пропаст.

На почетокот иамте внимание дека сте го пронашле човекот на својот живот, а неговото однесување кон мајката ќе ви биде само одраз на почитувањето на жената, вреден за воодушевување. Со длабоко влегување во врската ќе сфатите дека вашето место е позади мајката и дека борбата за љубов во која се знае победникот, започнува.

Мајката е секогаш приоритет. Доколку мајката нешто ја здоболи, доколку е тажна, тоа ќе биде важна тема во вашата врска. Стравот од губењето на мајката на било кој начин кај ваквите мажи е мисла која често ги следи. Било која ваша сугестија на сметка на мајката може да предизвика бура лоши чувства и кон вас, бидејќи запомнете дека вие не сте важни во оваа приказна.

Мамина маза – маж во пораст

Овие мажи си се себе си најважни, тие на патот до својот успех ќе бараат ваша поддршка, воодушевување, подигнување на самодовербата. Ќе ви зборуваат бајки за иднината какви што не сте слушнале, за вашата куќа од соништата, за деца, но и за тоа што сака да и овозможи на својата мајка кога ќе дојде на врвот на кариерата.

Тие ќе на користат вашата љубов за да манипулираат со вас, толку што нема да забележите колку всушност се грижи за себе си.

Започнува да прави се што дотогаш не правел, да излегува без вас, да поминува време со други луѓе, се препишувајќи и на работата и правдајќи се дека таквиот живот не му годи. Парите го менуваат неговиот свет и со самото тоа вие станувате сувишни.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *