Живееше пекол на мокриот бетон во ЗОО Штип : Мечето Теди замина на ресоцијализација во Бугарија

Случајот за мечето Теди кое стана познато откако активисти алармираа за лошите услови во кои живееше во штипската зоолошка, замина на ресоцијализација.

 

Мечето ќе има нов дом во „Паркот на танцувачките мечки“,во резерватот Белица, Бугарија, кој е финансиран од фондацијата на Брижит Бардо и Светската организација за заштита на животните „Четири шепи“.

Паркот во Белица е отворен во 2000-та година како програма за ресоцијализација на мечките кои биле дел од циркус или биле принудени да танцуваат по селата, од таму го добил и името.

Таму мечето Теди ќе има површина од 150.000 квадратни метри во кои ќе може да се рекреира.

Во неговото спасување од штипскиот ЗОО парк помогнаа македонските активисти за заштита на животните.. Теди во Белица требаше да замине уште во март, но целата активност беше запрена поради пандемијата и затворените граници.

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *