Животните од Скопје ЗОО први го почувствуваа, нивните крици го навестија земјотресот

Во поголемиот дел од Македонија граѓаните беа разбудени од силен земјотрес во 4 часот и 54 минути, а гибоните од Скопје ЗОО беа предвесници за истиот.

Во 4 часот и 54 минути низ целата територија на Македонија се почувствува земјотрес.

Епицентарот е во Вруток, Гостивар, со јачина од 5.0 степени според Рихтеровата скала, но се почувствува и во Скопје и уште неколку градови низ Македонија, но со послаб интензитет.

Точната јачина, епицентарот и длабочината на земјотресот може да се ревидираат во следните неколку часа или минути, бидејќи сеизмолозите ги разгледуваат податоците и ги средуваат своите пресметки.

Многупати животните први го чувствуваат земјотресот и се вознемируваат, а во Скопје први го почувствуваа земјотресот гибоните од Скопје ЗОО.

 

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *