Животот брзо поминува: Никако не ги правете овие работи кога ќе имате 30 години, ќе зажалите

Ова се само некои од работите поради кои многумина подоцна во текот на животот навистина ќе зажалат, немојте да дозволите тоа да ви се случи и вам. Доколку се препознавате во ова, се уште имате време да поправите нешто во својот живот.

Се обидувате да ги исполните социјалните норми

Чувствувате притисок од околината поврзан за она што вие според нив би требало да го направите, а се уште не сте го направиле – да се биде во брак, да се има свој стан, деца и постојана работа. Но, не дозволувајте тоа да влијае на вас и вашите одлуки, туку живејте онака како што ви одговара. Не сме сите исти и вистинското време за одредени работи во животот е индивидуално.

Поминувате премалку време со родителите

Едно од најчестите жалења кои го чувствуваат луѓето после 30тите години е тоа што не поминувале доволно време со своите родители. Тие би сакале да проживеале повеќе ситни уживања со родителите, како прошетки, патувања или едноставен разговор со нив.

Ја ставаате работата на прво место во животот

Нешто што секако треба да го имате на ум во 30тите родини е тоа дека работата не е се на светот, иако е важна за иднината и егзистенцијата. Не дозволувајте работата и кариерата да ви бидат на прво место во животот, пред семејството и пријателите. Времето поминато со најмилите е повредно од сите пари на светот.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *