Заев: Ако има полициски час, ќе биде од 17 часот?

Премиерот Зоран Заев во синоќешното интервју за ТВ21 не ја исклучи можноста за нови рестриктивни мерки.

„Се размислува и за некоја форма на карантин или други рестриктивни мерки. Ги правиме анализите и ќе стигнеме до следните чекори. Мнозинството во комисијата е на ставот дека полициски од 21 часот нема да даде некои резултати, додека ако биде од 17 или од 18, ќе има подобри резултати. Сето тоа сега се одмерува и овие денови ќе биде одржан состанок на Советот за безбедност кај претседателот Пендаровски и можно е таму да се дефинира некоја од мерките“. рече Заев.

Исто така, можноста за полициски час не ја исклучи ниту министерот за здравство Венко Филипче, иако и тој оцени дека преносливоста на коpона вирусот е намалена.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *