Заев: Доста беше омраза! Јас сум Mакедонец, Каракачанов е Бугарин

Премиерот Зоран Заев повика за прекин на говорот на омраза. Неговиот фејсбук статус ви го пренесуваме во целост.

-Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од целиот свет.

Но, етничката и идентитетска разлика не е единствената меѓу нас.Поважна и посериозна е разликата во нашите светогледи.

Јас работам на доближување на ставовите околу разликите и знам дека тоа е можно само преку размена на идеи и мислења, а не преку навреди и недолични пораки.

Нашите народи очекуваат исчекор кон пријателство, а не говор на омраза.

Доста беше омраза!- напиша Заев.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *