Запознајте го семејството на легендарниот Горан Пандев (ФОТО)

Нашата фудбалска репрезентација на чело со капитенот Горан Пандев го достигнаа најголемиот успех на македонскиот фудбал. Пандев го даде победничкиот гол против Грузија со кој Македонија конечно оди на Европското првенство што ќе се одржи во 2021-та година.

Но сите знаеме дека на секој спортист му е потребна поддршка од домашните како би можел комплетно да се посвети на фудбалот и да биде успешен. Горан Пандев не е исклучок од ова правило, а членовите на неговиот дом и негови најголеми фанови се секако сопругата Надица и трите дечиња.

37-годишниот Пандев од 2009 година е во брак прекрасната Надица и имаат две ќерки и еден син. Тие се неговото најголемо богатство. Синот Филипо, ќерката Ана и најмалата Софија се инспирацијата на нашата македонска гордост, а тој секој постигнат гол го посветува на нив.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *