За да стане манекенка, со години го јадела само ова и пиела цедевида, докторите биле загрижени за неа

Што се прават девојките само за да успеат на модната писта? Како завршила на лечење, откри поранешната манекенка Емина Гога Терзиќ.

“Јадев само памук и цедевита, тоа тогаш беше нешто актуелно, но тоа не е добра. Бев полна со комплекси, а потоа сама по себе станав многу несигурна”, изјавила Терзиќ.

Како што истакнува, кога била гладна јадела само памук и цедевита во текот на денот.

“Постепено ми стануваше се полошо и полошо, за на крај да ми се слоши. Кога сте многу млади и се ве интересира, учите на своите примери. Тоа остави сериозни последици на мојот желудник”, изјавила таа.

Организмот беше навикнат на памук и цедевита, а мојот имунитет беше сериозно ослабен.

Сега има 33 години и се занимава со други професии, а започнала и да пее.

Изјавила дека нејзините колешки користеле разни начини за да ослабат.

“Не сакам да се сеќавам на тоа, тоа ми е сега многу срамно. Девојките сакаат да бидат нешто што не се, не треба така. Би требало да водиме сметка за своето здравје и да бидеме среќни”, заклучила таа.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *