За десетина години нема да постојат многу професии кои денес ги познаваме, што ќе работиме во иднина?

За десет години, нема да постојат половина од професиите кои постојат денес, тврдат ИТ експерти.

Кои се професиите на иднината и кој ќе може да ги работи? На овие и други прашања за дигиталното работење за ТВ Прва одговараа Васа Шегрт, експерт за дигитално банкарство и Небојша Џурџевиќ од иницијативата Дигитална Србија.

“Има разни податоци. Во најголема мера верувам во тоа. Има и податок дека 65% од првачињата денес ќе работат работи кои денес не постојат. И тоа е сосем во ред. Новите дигитални технологии ќе донесат нови професии, а некои професии ќе исчезнат и е многу важно денешните деца да се подготват добро за тие работи од иднината, со вештини кои ќе овозможуваат да ги прават без оглед на тоа што денес воопшто точно не знаеме кои се тие професии”, навел Небојша.

Шегрт смета дека дигиталната економија е шанса и дека не би требало да биде проблем за било кој.

“И денес и утре ќе ни бидат потребни чевлари и доктори и било кои други професии кои денес постојат, но тие едноставно ќе мора да се прилагодат во нивното работење и бизнис моделот кој постои”.

На пример чевларите, Шегрт објасни што разбира под ова.

“Ќе имате веб сајт преку кој ќе можете да нарачате, ќе имате можност да се слушнете со него преку некои телекомуникациски канали. Ќе имате можност да соработувате со нив преку поразличен модел на работење и тоа, всушност, е дигитална економија. Не е поентата дали некој ќе се уплаши и дали тоа ќе исчезне. Ќе исчезнат, одредени работи, секако, но поголемиот дел од луѓето ќе добијат шанса со самото тоа”.

Иако најголема шанса во сето тоа ќе добие помладата генерација, Шегрт смета дека и старите полека започнале да се прилагодуваат.

“Доколку погледнете денес, поголемиот дел од пензионерите се дигитално активни. Сите се прилагодија. Порано, многу повеќе се зборуваше за миленијалците и сличните старосни групи, но денес сите сфативме всушност дека сме во дигитална економија. Некој помалку, некој повеќе, но сите го користиме она што можеме и се надевам дека уште повеќе ќе се користи”, објаснува тој.

Кога станува збор за работа од дома и враќањето на традиционалниот начин на работа, Небојша смета дека некои фирми сигурно ќе се вратат на стариот модел.

“Кога е во прашање тимската работа, многу важна компонента е директното присуство”, наведе тој.

“Меѓутоа, многу е важен и другиот ефект, не само работата на далечина и работата од дома. Важно е што компаниите кои работеле на традиционален начин, го сфатиле значењето на дигиталните технологии. Видовме колку е комерцот е препознат како клучна можност за купување во текот на пандемијата, така што е многу јасно дека и од страна на компаниите и од страна на популацијата е препознаено колку е важна дигиталната технологија, токму поради пандемијата и мислам дека тоа генерално ќе ја забрза дигитализацијата”.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *